
Тимот на Голден Стејт вориорс е последниот учесник во четвртфиналната фаза од разигрувањето за шампионската титула во најсилната кошаркарски лига на светот – НБА.
„Воините“ ноќеска во решавачкиот, седми меч, од серијата со Хјустон Рокетс, на гостински терен забележаа победа со 103:89.
Голден Стејт ја доби серијата со 4:3 и не му дозволи на ривалот да направи пресврт по негативата од 1:3.
Противник на Вориорс во следната фаза ќе биде Минесота Тимбервулвс.
На другиот натпревар одигран ноќта недела кон понеделник, Индијана на гости го изненади Кливленд со 121:112 и поведе со 1:0 во четвртфиналето.