Skip to main content
Спорт

Ѓоковиќ ја продолжува серијата – без пораз ја освои титулата во Пекинг

06/10/2026  15:44

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е победник на „Кина опен“ во Пекинг откако во финалето неговиот ривал Алекс Де Минор од Австралија го предаде мечот поради повреда во вториот сет. Првиот сет по тајбрејк го освои Ѓоковиќ со 7:6 – 7:3 на поени.

Потоа следуваше несекојдневен момент кога двајцата тенисери побараа медицинска помош. Тоа траеше кратко, но во продолжението следуваше само еден гем го доби Де Минор и дојде до мрежата и го поздрави ривалот и му честиташе што значеше крај на мечот.

Ѓоковиќ ја постигна 34-та победа во Пекинг во исто толку мечеви, ја освои седмата титула во Пекинг, а по завршувањето на турнирот се враќа во ТОП 10 односно ќе биде на осмото место на АТП листата.

Ова е 102.титула во кариерата, а прва во 2026 година.