Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го заврши учеството на Австралија опен, откако му го предаде мечот на Александар Зверев.
По завршувањето на првиот сет, Ѓоковиќ се доближи до мрежата и му ја соопшти својата одлука на Германецот, очигледно неспособен да го продолжи мечот поради повреда.
Двајцата тенисери одиграа 81-минутен сет кој Зверев го доби во тај-брејк (7:6), Во текот на сетот Ѓоковиќ се обиде да ја ублажи болката со апчиња, но овој пат тоа не му помогна.