Skip to main content
Хроника

Го излажала партнерот од Косово дека е бремена и „заработила“ 18.000 евра

24/08/2026  14:16

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.Р.(33) од с.Дебреше, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама’’.

Пријавената го довела во заблуда нејзиниот партнер од Косово дека е бремена, при што тој во неколку наврати преку брз трансфер на пари и префрлил 18.000 евра, по што признала дека го лажела дека детето е негово за да испраќа пари.