Skip to main content
Спорт

Гилџес-Александер постигна 51 поен во 50. победа на Оклахома

04/03/2025  11:12

Оклахома сити Тандер славеа победа во дуелот со Хјустон со резултат 137:128.

Шеј Гилџес-Александер уште еднаш покажа дека е неверојатен кошаркар и зошто е кандидат за МВП. Канѓанецот ја предводеше Оклахома до победата над Хјустон со 51 поен (20 постигна во првата четвртина), пет скока и седум асистенции.

Гилџес-Алкесандер четврти пат во сезоната постигна 50+ поени, а Оклахома ја забележа 50. победа.

Вилијамс постигна 24 поени, Кејсон Валас додаде 14, а Чет Холгрен 11 поени. На другата страна се најефикасни беа Кам Витмор со 27 поени и Рид Шепард со 25. За Хјустон на овој најтрпевар не играа Шенгун, Ајмен Томпсон, Брукс, ВанФлит.

Резултати:

Шарлот – Голден Стејт 101:119
Филаделфија – Портланд 102:119
Мајами – Вашингтон 106:90
Мемфис – Атланта 130:132
Оклахома – Хјустон 137:128
Далас – Сакраменто 98:122
Јута – Детроит 106:134