Skip to main content
Македонија

Германски пожарникари поминаа 3.000 километри за лично да ја донесат донацијата во Кочани

26/04/2025  12:14

На повик на Германската амбасада, денес во Кочани пристигна конвој со хуманитарна помош од Германија, предводен од група пожарникари кои несебично донираа специјализирано противпожарно возило и значајна количина опрема на своите колеги од Доброволното противпожарно друштво (ДПД) Кочани.

Германските пожарникари, со голема пожртвуваност, земале одмор од нивните работни обврски и лично патувале речиси 3.000 километри за да ја достават донацијата. Со овој чин, тие не само што ги подобрија условите за работа на кочанските пожарникари, туку и испратија силна порака на солидарност и пријателство.

Оваа донација е значаен придонес за зајакнување на капацитетите на ДПД Кочани и уште еден доказ дека преку соработка и добра волја се градат мостови меѓу народите.