
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски во интервјуто за Капитал на прашањето дали ќе се кандидира за втор мандат, Герасимовски посочи дека во моментов целосно е фокусиран на реализација на планираните проекти, а доколку граѓаните се задоволни од сработеното сигурно ќе побара поддршка за втор мандат.
„Прво да го завршиме она што го ветивме, да ја заокружиме успешно нашата приказна, а граѓаните нека оценат и одлучат. Сакам да слушнам што мислат тие, преку лични контакти на терен, на буџетските форуми, и секако преку истражувањата и анкетите што ги спроведуваме. Ако граѓаните се задоволни од ветеното и сработеното, сигурно ќе барам поддршка за втор мандат”, Герасимовски.
Герасимовски се заблагодари на сите граѓани за довербата која му ја дадоа.
„И наредната година продолжуваме да работиме за уште поголеми успеси и подобра и пофунционална општина”, истакна Герасимовски.