Skip to main content
Скопје

Герасимовски: Реновирана спортската сала во „Коле Неделковски”, подобри услови за спорт и развој на учениците

08/10/2026  09:42

Со спортски активности и многу игра, во обновената фискултурна сала во ООУ „Коле Неделковски” се одбележа Детската недела. На учениците им се придружи и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Просторот во салата од 350 квадратни метри, која со децении беше во незавидна состојба, сега е целосно трансформиран во современ и безбеден амбиент со одлични услови за наставата по физичко образование и за рекреација.

Реконструкцијата опфати целосно освежување на паркетот, кој е избрусен и лакиран, како и санација на ѕидовите, таваните и нови внатрешни врати. Поставени се нови инвертер-клима уреди и современо ЛЕД-осветлување, а електричната инсталација е целосно заменета. Дополнително, обновени се соблекувалните и кошевите, а во тек е обновување и замена  на преостанатите спортски реквизити.

Општина Центар, вложувајќи во образованието и спортот,  го поттикнува правилниот физички и ментален развој на учениците.