Skip to main content

„Граѓаните ни ја дадоа довербата да создадеме подобри услови за нив. Нашата задача е да работиме за нивното секојдневие, а не за партиски интереси,” истакна Герасимовски.

Градоначалникот очекува седниците на Советот да се водат без политизација, со доминација на аргументи, стручни предлози и професионална поддршка за општинските програми.

„Убеден сум дека со заедничка работа и почит кон интересот на граѓаните ќе постигнеме видливи резултати. Центар може да оди напред само ако сите работиме во ист правец, за општо добро”, додаде тој.