Skip to main content
Скопје

Герасимовски: Аплицирај за субвенции за велосипед, јавниот повик е во тек

25/04/2025  10:45

Општина Центар информира дека во тек е јавниот повик за доделување субвенции за велоспеди, е-велосипеди, е-тротинети, како и за дополнителна опрема. На повикот можат да се пријават сите граѓани кои имаат живеалиште во Центар, а проектот се одвива по принципот „прв дојден, прв услужен.

Градоначалникот Горан Герасимовски ги повикува сите центарци да аплицираат и да поддржат одржлив транспорт.

„Пред две години, нашата општина беше прогласена за највело општина во Скопје која се залага за алтернативен транспорт, намалувајќи го сообраќајниот метеж. Преку овие субвенции ќе ги поттикнеме центарци на здрав начин на живот, на поздрава средина за сите нас. Граѓаните можат да добијат субвенција од 30% од цената на превозното средство, но најмногу до 3.000 денари, како и субвенција за дополнителна опрема (детски седишта и кациги) до 1.000 денари. Повикот ќе се реализира сѐ до исцрпување на финансиските средства, а правото на субвенција е еднократно”, вели Герасимовски.

Жителите на Центар треба да поднесат барање со потребна документација: копија од лична карта, копија од трансакциска сметка и фискална сметка во оригинал и истата да ја достават во архивата на Општина Центар, барака бр.6, од 09.00 до 15.00 часот.

За повеќе информации, граѓаните можат да се обратат на телефонските броеви 02/3203-600 и 02/3203-693 или да ја посетат веб-страницата centar.gov.mkhttps://www.centar.gov.mk/?p=24738