Skip to main content
Спорт

Фудбалскиот клуб Воска Спорт се повлече од Првата лига

26/04/2025  18:07

На Воска Спорт освен што ФФМ и одзеде девет бодови, ја казни со глоба од 7.500 евра, а клупскиот претседател Нефи Усеини и тренерот Арбри Клодиан добија двегодишна суспензија.

Фудбалскиот клуб Воска Спорт од Охрид соопшти дека нема да учествува во домашниот шампионат во рамките на Првата македонска фудбалска лига на пет кола до крајот на сезоната.

Клубот на Нефи Усеини оваа одлука ја донесе еден ден откако Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) изрече казна за Воска за повлекувањето од теренот на дуелот против Вардар во минатото коло и му одзеде девет бодови.

Воска Спорт беше казнета и со глоба од 7.500 евра, а клупскиот претседател Нефи Усеини и тренерот Арбри Клодиан добија двегодишна суспензија.

Воска е сега последнопласирана на табелата со 11 бодови помалку од Брера која е на 10 место и Беса на 11.

Воска требаше да го доигра првенството на домашен терен против Тиквеш и Шкупи и на гостински терен против Брера, Пелистер и Беса.