Skip to main content
Спорт

Фудбалер на Реал за ширење на детска порнографија, може да заглави пет години во затвор

12/02/2025  12:09

Младиот играч на Реал Мадрид, Раул Асенсио (21), кој сезонава доживува вистинска фудбалска афирмација, се соочува со големи проблеми во приватниот живот. Нему и на уште тројца соиграчи од резервниот тим на Реал ќе им се суди за ширење на детска порнографија.

За ова во септември 2023 година беа уапсени Феран Руиз, Хуан Родригез и Андрес Гарсија, додека Асенсио беше повикан да сведочи, по што и тој стана дел од истрагата.

Дефанзивецот е обвинет дека дистрибуирал слики и видеа со малолетник, а судењето ќе се одржи на Канарските Острови.

Асенсио не се смета за одговорен за снимањето, но тој имал пристап до нив и наводно ги препратил на други луѓе.

Се тврди дека играчите инволвирани во случајот лажеле кога им кажале на девојките дека материјалот е избришан.

Асенсио побарал да биде изземен од судењето, но судот одбил, па постои можност да добија затворска казна и до пет години дистрибуција на детска порнографија.

Централниот дефанзивец ги искористи големите кадровски проблеми во тимот на Карло Анчелоти и во досегашниот дел од сезоната забележа 21 настап во сите натпреварувања, а синоќа го одигра и целиот натпревар во триумфот над Сити во Манчестер.