
Протест се организира денес од страна на француските земјоделци поради договорот меѓу ЕУ и јужно американската организација Меркосур. Земјоделците поставија околу 20 трактори на нормандискиот мост. и ги блокираа двата правца.
„Целта на оваа акција е да се проверуваат камионите кои превезуваат свежи производи, за да се утврди потеклото на стоката и да се види што циркулира по нашите француски патишта“, објасни претседателот на здружението Млади земјоделци на Нормандија, Емануел Рош.
Најновиот протест претставува јасно противење на владата, која, според организаторите, не ги исполнува очекувањата на земјоделците.
