
Францускиот Уставен суд донесе одлука според која политичарите треба веднаш да бидат дисквалификувани од јавни функции ако се обвинети за криминал, што отвора можност за забрана на крајнодесничарката Марин Ле Пен да се кандидира на претседателските избори во 2027 година.
Ле Пен и нејзината партија „Национален собир“ се обвинети за проневера на три милиони евра од фондовите на Европскиот парламент за финансирање на партиски кадри во Франција.
Нејзините адвокати тврдат дека парите биле правилно искористени и дека обвинението погрешно ги дефинира работните обврски на парламентарните асистенти.
Доколку судот ја прогласи за виновна, таа нема да го загуби сегашниот мандат како пратеник, но ќе ѝ биде забрането да се кандидира на идни избори.