Skip to main content
Македонија

(Фото) “Златна бубамара на популарноста” – вечер на хумор, музика и признанија

19/02/2025  23:11

Најпопуларната манифестација на домашната сцена, „Златна бубамара на популарноста“, вечерва по 28. пат ја разубавува музичката и културната сцена во преполната арена „Борис Трајковски“.

Вечерта традиционално ја отвори првиот човек на „Бубамара“, Ранко Петровиќ, кој со својот препознатлив дух даде воведен тон на настанот. По него, на сцената настапи актерот и комичар Жарко Јовановиќ, кој со својот стенд-ап хумор ја загреа атмосферата и ги насмеа присутните.

Како дел од годинешните признанија, Дарио беше награден со „Златна бубамара за трајни вредности“, потврдувајќи ја својата долготрајна и значајна улога на музичката сцена.