Skip to main content
Македонија

(Фото) „Валкани пари – смртни последици“ започна протестот за убиството на Фросина

16/02/2025  17:07

Стотици граѓани денеска во Скопје тргнаа на протестен марш поради убиството на младат Фросина Кулакова.

Под мотото „Ние сме гласот на Фросина“ и „Валкани пари – смртни последици“ граѓаните бараат одговорност за смртносоното прегазување на Фросина во центарот на Скопје.

Поворката која тргна од „Партизанска“ ќе продолжи до пред зградата на Владата, потоа пред Собранието а ќе заврши пред Апелацискиот суд за каде се најавени и обраќања од говорници.