Skip to main content
Култура

(Фото) Свечено отворено 65. издание на Охридско лето

13/07/2025  09:20

Со гала концерт на американска пијанистка со блескава уметничка кариера, Клер Хуангчи, во придружба на орекестарот на Македонската филхармонија под диригентска палка на маестро Едвин Оутвотер синоќа на Античкиот театар беше отворено годинешното 65-то издание на најголемата и најпознатата музичко сценска манифестација во земјата, фестивалот „Охридско лето“.

Во рамките на концертот кој се одржа под мотото „Трансформација на сетилата“ публиката имаше можност да ужива во симфониските танци од „Приказна од западната страна” на Леонард Бернштајн и „Рапсодија во сино” од Џорџ Гершвин, како и во „Пајдушко“ од Дамир Имери во блескавата изведба на Хуангчи.

Во рамки на фестивалот, над 500 уметници од дваесетина земји ќе настапат на неколку сцени низ Охрид, претворајќи го градот во светска уметничка метропола. Во фокусот ќе бидат врвни музички и театарски изведби, но и спојот на современото со традиционалното, домашното со интернационалното.

Фестивалот е основан во 1961 година и е дел од Европската Асоцијација на Фестивали од 1994 година.

Годинешното издание ќе трае до 20 август.