
Тивка и траорна е атмосферата на градскиот плоштад во Кочани.
Роднини, пријатели и соседи на настраданите во трагедијата оддаваат почит за нивните сограѓани.

Дел од присутните носат транспаренти со кои повикуваат на одговорност.

Иако претходно беше најавено дека ќе има протест во паркот, за сега граѓаните се стационирани на плоштадот.