Skip to main content
Македонија

(Фото) Поворката на протестот за Фросина стигна пред Судот

16/02/2025  18:45

Поворката на протестниот марш „Кој е следен“ стигна пред зградата на Апелациониот суд во Скопје.

Оттаму, говорници испраќаат пораки за промени во системот за санкции со цел случаи како последниот со прегазувањето на Фросина Кулакова, веќе да не се повторуваат.

Протестот започна во 16.30 минути од пред Универзална, а пред да стигнат до Судот, граѓаните поминаа пред зградата на Владата и Собранието.