
Огромна дупка на пешачкиот остров со денови зјае на булеварот „Киро Глигоров“ во населбата Аеродром, непосредно пред црквата „Св Јован Крстител“.
Дупката освен што е многу широка, длабока е и повеќе од еден метар па истата претставува сериозна закана за безбедноста на пешаците и велисепдистите кои минуваат тука, особено во ноќните часови.

И покрај тоа што ситуацијата е таква повеќе од една недела, сепак ЈП „Улици и Патишта“ се уште ја немаат санирано дупката среде пешачка зона.
