
На два часа пред натпреварот помеѓу Алкалоид и АЕК од Атина веќе е раздвижено е околу спортската сала ,,Борис Трајковски” во Скопје.
Околните ресторани и кафулиња се полни со навивачи на РК Алкалоид и љубители на ракометот кои со песна и весело расположение го очекуваат стартот на натпреварот.

По победата од првиот меч од 29:25 во Атина, ракометарите на Алкалоид ,,ставија една рака” на пехарот на Европскиот куп на ЕХФ.
Вечерва тие треба да останат непоразени, а им одговара дури и пораз со помалку од 4 голови за да ја освојат првата европска титула во кусата клупска историја.

Мечот започнува во 20.30 часот, а влезниците за реванш финалниот меч беа експресно распродадени.