Skip to main content
Македонија

(Фото) Млади, стари, семејства беа на улиците против загадувањето

25/12/2025  20:49

На блокадата што се одржа вечерва, граѓаните разговараа за секојдневието во загадениот град зимските месеци со смог, здравствените последици и долготрајното одложување на решавањето на проблемот.

На протестот учествуваа луѓе од сите возрасти – млади, семејства со деца и повозрасни жители од околните населби. Сите испратија заедничка порака: воздухот во градот „не може и не смее да остане нерешен проблем“.

Дел од учесниците истакнаа дека блокадата „не е насочена само кон една фабрика“, туку кон справување со поголемиот проблем на загадениот воздух во главниот град.

Атмосферата беше мирна, без инциденти или тензии. Присутната тишина меѓу скандирањата и аплаузите зборуваше за акумулираното незадоволство. Многумина носеа транспаренти, а на централниот стоеше порака: „Профит за Усје, болест за народот“.