
Сообраќајна несреќа меѓу патничко возило „Мерцедес“ и автобус на ЈСП попладнево предизвика голем метеж и колапс во сообраќајот во близина на Чаирчанка во Скопје.
Според првичните информации, автомобилот со голема силина удрил во автобусот на ЈСП, по што сообраќајот во овој дел од градот се одвивал отежнато и со долги колони возила.
На местото на несреќата пристигнала и полиција која врши увид и ги утврдува причините за судирот. Засега нема официјални информации за повредени лица и за материјалната штета.


