
Финансиската полиција минатата недела и вчера спроведе контрола на Клиниката за кардиохирургија по анонимна пријава за сериозни злоупотреби. „Слободен печат“ имаше увид во пријавата пристигната во август, во која се тврди дека клиниката две години наназад користела медицински материјали земени „на заем“ наместо набавени на тендер, што не можело да се евидентира во трошоците кон пациентите.
Поради тоа, во годишните пописи се појавиле големи несовпаѓања – кусоци и вишоци што, според пријавителот, вештачки го менувале буџетот. Пописот за 2024 година, кој сè уште не е коригиран, покажува вишок од околу 60 милиони денари.
Во пријавата се споменуваат и екстремно високи плати кај поединечни доктори – над 250.000 денари месечно – како и неправилности во распоредите и електронската евиденција на присуство. Наводно, награди биле добивалe само избрани медицински сестри.
Директорот на клиниката, д-р Дејан Димитровски, потврди дека документацијата за периодот 2022–2025 е дадена на увид и побарал контролата да се прошири и на годините од 2015 наваму „за целосна транспарентност“.
Од Финансиската полиција нема одговор за Слободен печат.
Клиниката дополнително се соочува и со недостиг на анестезиолози, а јавноста ја следи и истрагата на Министерството за здравство за можни операции на срце без медицинска потреба, од кои 10 од 19 според првичните наоди немале индикација.
повеќе од текстот на следниот ЛИНК
