Управата за финансиска полиција, до Oсновното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против И.Т во својство на управител на правниот субјект БАУЕРФЕИНД ДООЕЛ увоз-извоз Скопје и против правниот субјект БАУЕРФЕИНД ДООЕЛ увоз-извоз Скопје.
Првопријавенaта И.Т во период од 01.01.2014 до 31.12.2016 година, со намера да се стекне со противправна имотна корист за себе и за второпријавениот правен субјект, дала лажна изјава заверена на Нотар со која потврдила дека ортопедското помагало кое го набавува и фактурира кон Фондот за здравствено осигурување со назив “Ортоза за колк со зглоб” е соодветно и одговара на помагалото “Надколен пластичен апарат со зглоб во колено и скочен зглоб” утврдено во Списокот на ортопедски и други помагала во делот на Ортопедски средства- Надколени ортози под шифра 2105 согласно критериумите од Правилникот за индикациите за остварување на право на ортопедски и други помагала, иако била свесна дека таквото помагало не одговара на медицинските индикации и дијагнози утврдени во Списокот на ортопедски помагала за кои Потврда за потреба издава лекар специјалист, на кој начин го измамила и довела во заблуда Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија да склучи Договор за издавање на ортопедски и други помагала за период од 01.01.2014 до 31.12.2016, при што во текот на 2014, 2015 и 2016 година извршила набавка и испорака на 171 несодветни помагала со назив “Ортоза за колк со зглоб” притоа фактурирајќи ги кон Фондот за здравствено осигурување под шифра 2105 и назив “Надколен пластичен апарат со зглоб во колено и скочен зглоб” на кој начин пријавените се стекнале со противправна имотна корист во износ од763.470 денари во текот на 2014 година, 5.038.902 денари во текот на 2015 година и 2.901.186 денари во текот на 2016 година, односно вкупно 8.703.558 денари за кој износ е оштетен Буџетот на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија