
Соопштение за јавност на СДСМ:
Граѓаните бараат јасен и конкретен одговор од Министерството за правда и од Владата на Мицкоски: дали се испратени документите за екстрадиција на Никола Груевски?
Прашањето е едноставно. Одговорот треба да биде уште поедноставен: да или не.
Наместо одговор, имаме нова измислена приказна што ВМРО ја пласира преку својот сателит, приврзокот ЗНАМ, кој веќе нема никаква функција бидејќи нема поддршка од граѓаните, а и самото здружение се распаѓа.
Нема конкретен одговор на едноставното прашање, но затоа има нова измислена „афера”.
Помина цел месец откако новиот унгарски премиер Петер Маѓар јасно порача дека Унгарија нема да биде сигурна куќа и депо за криминалци, при што посебно го спомена Никола Груевски.
Во истиот момент Полска за само еден ден ги заврши и ги испрати документите за своите случаи. Само Владата на Мицкоски не презема ништо.
Очигледно е дека Мицкоски, Филков и нивната Влада немаат намера да го вратат Груевски.
Наместо институционална постапка за екстрадиција, гледаме институционална заштита на осуден криминалец.
Месец дена документите „патуваат”, се „комплетираат”, се бараат изговори и се купува време.
Мицкоски и неговата криминална организација продолжуваат со заштита на Груевски, оставајќи му простор за ново бегство и избегнување на правдата.
Граѓаните јасно гледаат како функционира правната држава под ВМРО-ОКГ.
Тоа е лицето на оваа власт – селективна правда, политички притисоци и заштита на блиските до ВМРО-ДПМНЕ.
Граѓаните заслужуваат одговор: зошто документите за екстрадиција на Никола Груевски сè уште не се испратени?
Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!

