Skip to main content
Македонија

Филипче за Слободен печат: Потфрлувањето на оваа Влада е во секоја сфера

27/05/2026  12:23

Соопштение за јавност на СДСМ:

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервју за Слободен печат нагласи дека потфрлувањето на Владата на ВМРО е видливо во сите клучни области и дека граѓаните секојдневно ги чувствуваат последиците од неспособноста и погрешните политики на власта.

Филипче посочи дека економската состојба, растот на сиромаштијата, задолжувањето на државата,блокадата на европскиот пат, се само дел од проблемите со кои се соочуваат граѓаните последните две години со ВМРО на власт.

„Потфрлување на оваа влада има во сферата на економијата, сиромаштијата која што со галопирачко темпо расте тука кај нас, задолжувањата на земјата, антиевропската кампања која што доведе до тоа да практично тие го блокираат европскиот пат. Потфрлување има и во сферата на земјоделството, во сферата на здравството, во сферата на образованието, во сферата на социјалата, во сферата на работничките права, плати и пензии”, рече Филипче.

Тој додаде дека Владата на ВМРО не испорача никакви резултати  во делот на економијата, освен што неконтролирано и скапо ја задолжува државата и идните генерации.

„Што прави во сферата на економијата, освен што сме задолжени две милијарди евра повеќе за само две години, граѓаните не видоа бенефит. Нема раст на платата”, рече Филипче.

Ви интервјуто Филипче нагласи дека ВМРО дојде на власт со лажна кампања и црна пропагнада, а не испорача ниту едно ветување.

„Што  очекуваа  граѓаните во 2024 година? Дека ќе има кој знае колку странски инвестиции. Христијан Мицкоски сè што кажа, сè излажа. Дека ќе ја подобри и нашата преговарачка позиција со Европската Унија. Што направи? Ништо. Намерно го блокираше Европскиот пат”, рече Филипче.

Во тој контекст, Филипче порача дека СДСМ ќе продолжи континуирано да ја информира јавноста за вистинската состојба во државата, неспособноста на Владата на ВМРО и нивните криминални тендери.

„Ги информираме луѓето што е вистината, затоа што мораме често да бидеме присутни во јавноста за да ги адресираме сите работи коишто укажуваат на тоа колку оваа влада е практично неспособна.И тоа едноставно во една прес конференција не може ни да се собере. Дури и овие прес конференции се малку и ќе ги зачестиме”, рече Филипче.