
Немам виза која е поврзана со милиони и авиони, вели претседателот на СДСМ, Венко Филипче по обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој ги демантира тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ. Тврди дека нема виза која што е поврзана со инвестиции или со недвижности.
“Немам илјадници евра, немам сметки…Немам виза која што е поврзана со милиони, авиони, камиони“, рече Филипче.
Кажа дека има само „виза која што му овозможува да патува“.