Skip to main content
Македонија

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ врши груба злоупотреба на институциите за избори, началници на МВР на партиски на состаноци

06/10/2025  13:21

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја обвини ВМРО-ДПМНЕ за груба злоупотреба на државните институции во текот на изборната кампања. Филипче потенцираше дека злопупотребата на институциите е најизразена од Министерството за внатрешни работи.    

На прес-конференцијата Филипче побара од министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, да одговори дали лично ги организира овие состаноци и дали стои зад ваквите злоупотреби.

„Барам министерот Панче Тошковски да одговори дали тој ги организира овие состаноци. До меѓународните институции, тие коишто ги пратат изборите апелирам да реагираат на оваа појава, затоа што Министерството за внатрешни работи треба да биде професионална институција, независна којашто им служи на граѓаните, а не на политичките партии”, додаде претседателот на СДСМ.