Skip to main content
Македонија

Филипче: Крајно неодговорни политики се водат во секторот здравство

02/02/2025  11:43

Осврнувајќи се на состојбите во здравството, лидерот на СДСМ Венко Филипче во интервју за Радио Слободна Европа оцени дека во тој сектор се водат крајно неодговорни политики од страна на Владата.

Филипче наброја и неколку примери во делот на кадровската политика

„Крајно неодговорно се водат политиките во секторот здравство. Има бројни проблеми. Колегите навистина укажуваат на тоа, дека системот не функционира како што треба. Донесени се и поставени менаџери, директори на клиники, кои навистина немаат искуство како тоа се прави. Има директори на клиники коишто не оперираат на хируршките клиники, немале ниту една операција, како се поставени на функцијата, а ги водат во стручните колегиуми. Огромни се листите на чекање. Нема лекови. Сето тоа укажува, една тотална незаинтересираност од страна на менаџментот и во Министерството за здравство и во делото на менаџирањето на клиниките“ порача Филипче.

Екс министерот за здравство се осврна и на моделот на реверс на лекови, кој според него во минатото спасувал човечки живот а сега Министерството за здравство планира да го укине.

„Беа многу критикувани формите на така наречен реверс. Тој е систем, кој секогаш се обезбедуваа лекови за нашите пациенти. Сега се зборува дека ќе го укинат, но цената се плаќа со човечки животи. Така што се надевам дека ќе најдат некој добар систем, во кој вакви проблеми во иднина нема да се случуваат“ заклучи Филипче.