Skip to main content
Спорт

ФИФА ќе ја преиспита својата стратегија за продажба на влезници за СП2030

02/05/2026  14:52

ФИФА објави дека ќе ја преиспита својата стратегија за продажба на билети за Светското првенство во 2030 година откако се соочи со критики поради вртоглавото зголемување на цените на билетите за претстојниот мундијалски турнир во САД, Канада и Мексико.

„Секогаш ќе имам емпатија за навивачите и нивните мислења, но мислам дека има прилично широк спектар на цени на билети, некои се евтини, некои се поскапи. Секако, ние слушаме, ги земаме предвид коментарите и, како што правиме за секое светско првенство, ќе ја разгледаме ситуацијата и ќе видиме како ќе го направиме тоа за следниот турнир“, рече Графстром.

Според извештаите, оваа недела на берзата за препродажба на билети на ФИФА беа понудени четири билети за финалето на Светското првенство на 19 јули по неверојатна цена од два милиони долари. Други платформи за препродажба нудат билети за финалето што чинат десетици илјади долари.