Skip to main content
Свет

Фидан и Лавров разговараа за преговорите меѓу Русија и Украина

07/08/2025  14:42

Министерот за надворешни работи на Турција, Хакан Фидан телефонски разговараше со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, јавија денеска турските медиуми, повикувајќи се на извори од турското Министерството за надворешни работи.

Според истите извори, двајцата министри разговарале за ситуацијата во врска со преговорите меѓу Русија и Украина.

Следната недела е одредена како пресвртница за средбата меѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп, изјави претходно денеска советникот за надворешна политика на Кремљ, Јуриј Ушаков.

Тој рече дека местото на самитот е одредено, но дека подоцна ќе биде соопштено.