
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес го критикуваше присуството на словачкиот премиер во Москва, за време на парадата по повод Денот на победата на 9 мај.
„Роберт Фицо знае дека ова не е наш заеднички став“, рече Мерц на прес-конференција во Стокхолм.
„Длабоко жалам за неговото присуство таму и повторно ќе разговараме со него за тој ден во Москва“, додаде тој.
Словачкиот премиер отпатува во Москва, но не учествуваше на прославите. Рускиот претседател Владимир Путин го прими Фицо во Кремљ во саботата.
Путин ја пофали „суверената надворешна политика“ на Фицо
„Вашиот доследен став во прилог на зачувувањето на историската вистина инспирира почит“, рече Путин на почетокот од нивната средба, пофалувајќи ја „суверената надворешна политика“ што словачката влада се стреми да ја спроведува.

Ројтерс објави дека Путин му рекол на Фицо дека Русија ќе направи сè за да ги задоволи енергетските потреби на Словачк


