Skip to main content
Свет

Ферибот со 116 патници потона крај брегот на Гвајана, досега спасени само осум лица

19/07/2026  14:48

Ферибот со 116 патници и членови на екипажот потона во текот на ноќта крај брегот на Гвајана. Досега се пронајдени и спасени само осум лица – соопшти министерот за јавни работи на земјата, Хуан Едгил.

„Околу 15:15 часот по локално време вчера попладне фериботот ’Барима‘ (MV Barima) исплови од Џорџтаун со 116 патници и со членовите на екипажот кон Порт Кајтума во западниот дел на Гвајана. Во 23:01 часот беше примен повик за помош од бродот. Веднаш беа активирани спасувачки операции со државни и со приватни ресурси. Потрагата по преживеани продолжува со полн капацитет, а во оваа почетна фаза успеавме да спасиме осум лица“, изјави ресорниот министер во видеообраќање објавено на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Властите во Гвајана сè уште немаат официјални информации за причините за потонувањето на бродот, ниту пак за судбината на преостанатите 108 лица кои во моментот на несреќата се наоѓале на фериботот.