Skip to main content
Хроника

Фатен уште еден крадец од затвор баран со потерница

11/02/2025  11:48

Вчера на 10.02.2025 во 15.30 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле К.С.(55) од Гостивар, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.

Тој бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.