Skip to main content
Хроника

Фатен крадец на дело во Куманово, следува соодветна пријава

09/01/2025  10:27

На 08.01.2025 во 13.40 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Б.(28) од Куманово.

MK Summit

Тој бил затекнат при обид да одземе предмети од приватен имот во населба „Перо Чичо” и исто така се сомничи дека од приватен имот на улица „Народна револуција” одзел повеќе предмети. С.Б. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.