
Европската Унија се откажа од одржувањето на состанокот посветен на одбраната во белгиски замок во провинција и донесе одлука состанокот да се одржи во Брисел поради безбедносни причини.
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, претходно овој месец ги покани лидерите на 27-те земји членки на ЕУ, како и британскиот премиер Киер Стармер и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, да присуствуваат на состанокот што требаше да се одржи на 3 февруари во замокот „Лимон“ во близина на Лиеж.
Меѓутоа, поради безбедносни причини, состанокот е префрлен во Брисел.