Skip to main content
Кошарка

Евробаскет 2025 стартува денес со натпреварот Велика Британија – Литванија во Финска

27/08/2025  10:13

Евробаскет 2025 денеска официјално започнува со натпреварот меѓу Велика Британија и Литванија, кој ќе се одигра во 12:30 часот во Тампере, Финска. Турнирот ќе трае до 14 септември, а покрај Тампере, домаќини на натпреварите се Рига (Летонија), Лимасол (Кипар) и Катовице (Полска).

Ова е третпат четири земји да бидат организатори на Европското првенство, а тие автоматски се квалификуваа за завршниот турнир. Дебитант на Европските првенства е Кипар, додека Шпанија го брани трофејот освоен на претходното првенство.

Евробаскет 2025 е 42-ро издание на најпрестижното кошаркарско натпреварување на европските селекции, организирано од ФИБА. На турнирот учествуваат 24 национални тимови, поделени во четири групи од по шест екипи. Во првата фаза се игра пет кола, а првите четири селекции од секоја група ќе се пласираат во нокаут фазата, која вклучува шеснаесетфинале, четвртфинале, полуфинале, финале и натпревар за трето место.

Покрај натпреварот Велика Британија – Литванија, денес ќе се играат и следниве дуели:

Чешка – Португалија во 13:45 часот

Црна Гора – Германија во 15:30 часот

Летонија – Турција во 17:00 часот

Шведска – Финска во 19:30 часот

Србија – Естонија во 20:15 часот

Турнирот ветува возбудливи натпревари и големи кошаркарски сензации, со 24 најдобри европски селекции кои ќе се борат за титулата.