
Набрзо започнува периодот на летното сметање на времето, кога деновите ќе станат подолги, а ноќите пократки. Оваа година, поместувањето на часовникот напред ќе се случи во недела, на 30 март.
Токму на таа дата, во 2 часот наутро, часовникот ќе биде поместен напред за еден час, што значи дека ќе спиеме еден час помалку за време на викендот. Немојте да се изненадите ако станете подоцна во недела, бидејќи тоа може да биде вашето вообичаено време за будење – само што часовникот ќе биде веќе поместен напред.
Подготовете се за започнување на летниот период со пократки ноќи и подолги денови!