Skip to main content
Свет

ЕУ ги заострува правилата за увоз на челик

14/04/2026  08:39

Европската унија ќе ги заостри правилата за увоз на челик, со цел заштита на домашните производители од зголемената конкуренција на светскиот пазар.

Дополнителниот увоз над утврдената квота ќе биде оптоварен со царина од 50 проценти, двојно повеќе од претходната стапка, се наведува во соопштението.

Евтиниот челик од Кина, Индија и Турција врши силен притисок врз европските производители, а новите мерки имаат за цел да го заштитат пазарот на Унијата од прекумерната светска понуда.

Со договорот точно се утврдува и распределбата на бесцаринските квоти за државите извознички на челик, со задржување одредена флексибилност. Неискористените квоти ќе може да се пренесуваат од еден во друг квартал.

Постојната регулатива истекува на 30 јуни, а за новите правила да стапат во сила потребно е одобрување од земјите-членки и Европскиот парламент, што се смета само за процедурална формалност.