Skip to main content
Македонија

ЕУ доби барање за помош од Скопје околу трагедијата во Кочани

16/03/2025  17:40

Европската Унија доби барање од Македонија за помош во справување со последиците од пожарот во ноќниот клуб во Кочани, потврди за МИА портпарол на Европската комисија.

Повеќе детали за формата на помошта портпаролот најави за во текот на утрешниот ден.

Претходно, Европската комисија информира дека ЕУ е подготвена да и помогне на земјава преку нејзиниот Механизам за цивилна заштита, доколку таа го побара тоа.

Изрази на сочувство, солидарност и тага поради трагедијата изразија претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, претседателките на Европската комисија и на Европскиот парламент, Урсула фон дер Лајен и Роберта Мецола, високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас и еврокомесарките за проширување и за еднаквост, подготвеност и кризен менаџмент, Марта Кос и Хаџа Лабиб.

Најмалку 59 лица загинаа, а 155 се повредени во пожар што се случи синоќа во дискотека во Кочани.