Skip to main content
Балкан

Ердоган предупредува на сериозни последици од нападите на САД и Израел врз Иран

01/03/2026  20:52

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека е тажен од смртта на иранскиот врховен водач ајатолахот Али Хамнеи, кој беше убиен во бранот воздушни напади на САД и Израел врз Иран, и предупреди на сериозните последици од ескалацијата врз регионалната и глобалната безбедност.

Хамнеи, кој го водеше Иран од 1989 година, беше убиен во саботата за време на интензивна воздушна кампања спроведена од САД и Израел.

Ердоган претходно ги осуди овие напади, велејќи дека тие претставуваат кршење на иранскиот суверенитет и закана за мирот на иранскиот народ .

Денес, турскиот претседател разговараше и по телефон со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман за најновите случувања во регионот.

Според соопштението од турското претседателство, Ердоган предупредил дека судирите би можеле да имаат „сериозни последици за регионалната и глобалната безбедност доколку не се преземат потребните мерки“.