Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека ниту една светска сила не може да ги натера Палестинците да ја напуштат својата татковина.
„Никој нема моќ да ги отстрани Палестинците од нивната вечна татковина која постои илјадници години. Палестина, вклучувајќи ги Газа, Западниот Брег и Источен Ерусалим, им припаѓа на Палестинците. Предлозите на американската администрација за Газа, дадени под притисок на ционистичкиот режим, не вредат да се дискутираат“, изјави Ердоган на новинарите во Истанбул пред неговото патување во Малезија.
Турскиот лидер, исто така, го пофали Хамас за исполнувањето на своите ветувања во тековната размена на затвореници со Израел, и покрај, како што рече, „израелските обиди да го поткопа процесот“.
Turkish President Erdogan:
— First Source Report (@FirstSourceNew) February 9, 2025
No one can remove the Gazans; they will remain in Gaza.
We reject all calls to displace Palestinians from their lands.
Israel continues to violate the ceasefire agreement in Gaza… pic.twitter.com/uilYNed690
Во врска со ситуацијата во Сирија, Ердоган рече дека во различни делови на Сирија се откриваат масовни гробници и „се разоткрива крвавото лице на режимот на поранешниот претседател Башар ал Асад“.
Тој додаде дека верува во стабилноста на Сирија под водство на претседателот Ахмед ал Шара и изрази надеж „дека земјата наскоро ќе најде мир“.
„Нема место за терористички групи во Сирија, а сирискиот претседател Ахмед ал Шара ќе се бори против овие групи“, заклучи Ердоган.