Skip to main content
Фудбал

Елмас: Дојдовме, видовме, победивме

09/06/2025  20:23

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас, не го криеше задоволството од освоените три бода во Астана од квалификацискиот натпревар со Казахстан за пласман на СП 2026, иако, како истакна по мечот, сите во националниот тим беа свесни дека не чека тежок натпревар.

„Знаевме дека денес ќе имаме тежок натпревар против добар тим. Нашиот план беше само да дојдеме и да освоиме три бода. Тоа беше најважното нешто за нас. Се држевме до планот, дојдовме, видовме, победивме и ги освоивме овие три бода. Но, како што реков, беше навистина тежок натпревар за нас: патувавме многу, имавме само два дена одмор…Секако, овие три бода се многу важни за нас. Среќни сме. Но, исто така, би сакал да напоменам дека Казахстан беше навистина добар денес. Тие навистина играа добро и можеби заслужуваа малку повеќе. Да бидеме искрени, бевме и малку изненадени од домаќините затоа што играа многу поагресивно од што очекувавме. Но, ние знаевме како да го контролираме резултатот и на крајот ги освоивме трите бода, па затоа сме многу среќни“ – изјави Елмас, по натпреварот.