
Одамна се зборуваше дека поп пејачката Елена Ристеска е една од последните личности со кои комуницирал Тоше Проески на пат кон Нова Градишка, непосредно пред да го загуби својот живот, а сега пејачката конечно откри и што и напишал.
Имено таа гостуваше во поткастот на Стефан Лазаров и искрено проговори за многу теми. Ристеска кажа дека Тоше во последниот месец од животот бил поразличен од претходно, односно повеќе би разочаран и повеќе се жалел за сите неправди кои му се случувале, нешто што било несвојствено за него. Бил разочаран од животот, од луѓето, од новинарите, а како што кажа таа особено во почетоците Тоше бил честа мета на “булинг”.
Таа истакна дека се слушнала со Проески во 23 часот и 33 минути, а како за неверување е фактот што токму толку беше и часот кога поп пејачката го раскажуваше овој дел од приказната во поткастот. Елена раскажа дека зборувале на многу теми и многу се смееле, од она што го слушнала додека разговарале, Тоше тогаш самиот го возел автомобилот, па рече веројатно подоцна го заменил неговиот возач.
Прашана за тоа што последно и кажал, таа со многу емоции истакна дека последните зборови засекогаш ќе ги памети, затоа што иако во моментот не и звучеле чудно, откако ја слушнала веста дека починал, длабоко ја замислиле.
Таа и Тоше се договарале да се видат, па затоа Елена го прашала кога се враќа од Хрвстска, а тој со воздишка и кажал на 21ви, потоа направил пауза повторно испуштил воздишка и додал “Ако даде Господ”.