
Според пишувања на повеќе медиуми во вчерашниот пожар во населбата Даме Груев во близина на железничката станица во Ѓорче Петров загинало едно лице.
Вчера, гореле штали во кои биле сместени животни но и нивниот сопственик а пожарот се прошири се до кругот на Психијатриската болница Скопје, во Бардовци оддаалечена стотина метри од шталите.
Телото на човекот е најдено до изгорените тела на добитокот, а просториите биле целосно пеплосани.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.