
Најмалку едно лице загина, а неколку други се повредени откако маж со автомобил удри во група луѓе во францускиот град Кан по претходна расправија доцна синоќа, јавија локалните медиуми.
Француските медиуми, повикувајќи се на полицијата и пожарникарите, наведуваат дека инцидентот се случил на автобуска постојка во близина на железничката станица во градот.
Според извештаите, 10 лица се повредени, од кои четири потешко.
Телевизијата БФМТВ, повикувајќи се на неименуван извор, јави за поголем број загинати, односно две жртви и осум повредени лица.
Полицијата го приведе осомничениот, се наведува во извештаите.
Кан, град со околу 110.000 жители, се наоѓа во Нормандија, во северозападна Франција.

