Skip to main content
Свет

Единаесет загинати на прослава на победа на индиски крикет тим

05/06/2025  09:07

Најмалку 11 лица загинаа, а повеќе од 30 се повредени во стампедо во Бангалор, Индија, за време на прославата на шампионатот на крикет клубот Ројал Челинџерс, објави „Асошиејтет прес“.

Десетици илјади навивачи се собраа пред стадионот за да го прослават првиот трофеј на Челинџерс во индиската Премиер лига. Трагедијата се случи кога толпата се обиде насилно да отвори една од вратите на стадионот и да влезе внатре за да учествува во прославата.

Повеќето од повредените се во стабилна состојба и се на амбулантско лекување.

На 3 јуни, клубот за натпреварот со Пенџаб Кингс (190/9:184/7) подари бесплатни билети преку нивната веб-страница и ги повика навивачите да ги следат препораките на полицијата и надлежните редарски служби.