Skip to main content
Хроника

Две возила му попречиле пат и му се заканувале со пиштол, инцидент во Центар

14/12/2025  14:23

13.12.2025 во 04:20 часот во СВР Скопје, А.Б.(19) од Скопје пријави дека околу 00:10 часот на подрачјето на Центар во Скопје, додека управувал патничко возило „порше” со скопски регистарски ознаки, патот му го попречиле две возила, од кои излегле неколку лица кои му се заканиле со пиштол, шри што еден од нив со рачка од пиштолот му го оштетил ветробранското стакло.

Според пријавеното, при обид да побегне удрил во паркирано товарно возило и го напуштил местото на настанот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.