Skip to main content
Хроника

Две тепачки во Велес: Една во верски објект, друга во угостителски локал

11/08/2025  13:06

Во Секторот за внатрешни работи Велес вчера биле пријавени две одделни тепачки што се случиле на различни локации во градот.

Првиот инцидент се случил околу 15:30 часот во дворот на верски објект во Велес. Според информациите од СВР Велес, по кратка расправија, 70-годишниот Д.Б. од Велес, вработен во верскиот објект, физички ја нападнал 66-годишната Н.Р. од Велес. Потоа, Д.Б. бил физички нападнат од 66-годишниот И.Л. и 34-годишниот С.Л., двајцата од Велес. Случајот е документиран, и против сите инволвирани ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Вториот случај бил пријавен истиот ден, околу 18:30 часот. Триесет и седумгодишниот С.Р. од Велес информирал дека додека бил на работа во угостителски објект, бил физички нападнат од четворица негови колеги: 38-годишниот Д.Д., 45-годишниот Т.А., 50-годишниот С.С. и 38-годишниот Т.Б., сите од Велес. И овој случај е во фаза на документирање, по што ќе следуваат соодветни пријави.

СВР Велес работи на целосно расчистување на двата инцидента.